МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општина Кавадарци ги информира граѓаните дека утре вторник 27 август 2019 година, ќе се асфалтира улицата „7-ми Септември“ на делницата од раскрсницата „ДТВ „Партизан“ до кружниот тек над мостот.Улицата ќе биде целосно затворена за секаков вид сообраќај во времето од 7:00 часот, па до завршувањето на работите.Заради непречено и кавлитетно изведување на работите, Општината АПЕЛИРА до возачите целосно да се придржуваат и да го почитуваат времениот режим за сообраќај, како и да ги користат алтернативните правци по соседните улици.