МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ДОПРВА КЕ ГИ ОДИГРААТ СРЕДБИТЕ ОД ДВЕТЕ ПОСЛЕДНИ КОЛА КОИ МОЖАТ ДА ИМ ДОНЕСАТ МЕСТО ВО ПЛЕЈ ОФОТ

Откако се одиграа некомплетните 6. и 7. коло во првата машка ракометна лига се дознаа 7 од 8 учесници во прволигашкиот плеј-оф кој би требало да се одигра напролет следната година. Во групата „А„ се е јасно и таму во плеј-офот имаше место за составите на „Аеродром“, „Драчево“, „Шампион“ и „Јехона“. Овие четири екипи се изборија за доволно бодови за да можат напролет да играат во плеј-офот. Во групата „Б“, дебитантот „Скопје“ освои максимални 21 поен со кои е сигурно на врвот. Во плеј-офот место си најдоа и „Металург РА“ и „Куманово“, а остана отворено прашање за 4. место во плеј оф друштвото. Екипата на „Вардар“ од Неготино поради тоа што има позитивни ракометари на Ковид 19 (според незванични информации 4 - но за срека сите позитивни се без симптоми) не играше викендов и средбите се одложени, па ќе бидат одиграни во нов термин. Затоа останува Вардар Неготино да ги комплетира средбите и да може да се затвори плеј-оф лигата. Карантинот на Неготинчани им трае до 31 октомври по што очекуваат да добијат барем една недела за тренинзи од страна на РФМ и нов термин за одигрување на средбите. „Вардар“ прво треба да игра нагости во Гевгелија кај екипата на „Партизан“ а потоа во „Неготино“ ке го пречекаат тимот на „Делчево Вардар“. Со една победа негптинчани си обезбедуваат место во плеј офот,а тоа можат да го направат и со две нерешени среби.

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА „А“ , РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО

„РИНИА М“ – „ШАМПИОН“ 21:33

„ПРЕСПА“ – „АЕРОДРОМ“ 29:36

„ЈЕХОНА“ – „КИЧЕВО“ 43:35

„ДРАЧЕВО“ – „БОРЕЦ“ 34:27

ТАБЕЛА:

1. Аеродром 19 (271:174);

2. Драчево 19 (243:189);

3. Шампион 15 (224:213);

4. Јехона 12 (246:233);

5. Борец 9 (224:234);

6. Преспа 6 (198:187);

7. Риниа М 3 (191:269);

ПРВА МАШКА ЛИГА, ГРУПА „Б“,

РЕЗУЛТАТИ ОД 7. КОЛО

„СКОПЈЕ“ – „ТЕКСТИЛЕЦ“ 39:11

„КУМАНОВО“ – „МЕТАЛУРГ РА“ 25:26

„ПАРТИЗАН“ – „МАКЕДОНИЈА ЃП“ 32:29

„ВАРДАР“ НЕГОТИНО – „ДЕЛЧЕВО ВАРДАР“ ОДЛОЖЕНО

ТАБЕЛА:

1. Скопје 21 (255:177);

2. Металург РА 18 (237:167);

3. Куманово 15 (208:166);

4. Текстилец 7 (135:180);

5. Вардар Неготино (140:159, -2 меча);

6. Делчево Вардар 5 (175:213, -1 меч);

7. Партизан 4 (146:181, -1 меч);

8. Македонија ЃП -1 (162:215).