МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Прес конференција на Општинска Организација на СДСМ Кавадарци

„Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани граѓани,

Врвен приоритет на владата на Социјалдемократски сојуз на Македонија се инвестициите во инфраструктура. Владата предводена од СДСМ со полна пареа секојдневно работиме кон подобрување, изградба и развој на патната инфраструктура која што претставува исклучително важен сегмент од економскиот развој на општина Кавадарци.

Ветивме и започнавме инвестициски циклус од 850 милиони евра во патната инфраструктура насекаде во државата.

Ветивме и веќе можеме да се пофалиме со изградба или рехабилитација на 350 километри или 40 регионални патишта, изградба на 4 ( четири) Експресни патишта, како и започната постапка или градба на 3 (три) автопатишта.

Почитувани сограѓани,

Продолжуваме со разубавување на Општина Кавадарци, со разубавување на Република Северна Македонија.

После инвестиција во с. Ваташа која опфаќа изградба на нов мост и проширување на патот пред и после новиот мост, можеме да се пофалиме со уште еден инфраструктурен проект, санација и рехабилитација на регионалниот пат П1107, пат кој комплетно ја менува, ја разубавува сликата за влезот или излезот на општина Кавадарци.

Станува збор за санација и рехабилитација на булеварско решение со 4 (четири) ленти во должина од 1.100 метри со ширина од 12 метри, во вредност од 19. 600 000 денари, инвестиција од страна на оваа Влада. Градежните работи се започнати во Ноември 2018 година, а во Јуни имаме комплетно завршена санација и рехабилитација.

Но не застануваме овде. Ќе имаме комплетно нов асфалт од општина Кавадарци до општина Росоман.

Тоа што го ветивме, тоа и го остваруваме.

Зборот Важи!„- се наведува во изјавата на Прес конференцијата на ОО на СДСМ Кавадарци.