МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Галеријата на Домот на Културата синоќа започнаа ликовните случувања кои ке бидат повеќе, како што најави Владимир Темков-одговорен за ликовните случувања во ова установа.Со изложбата на слики од Новица Трајковски-македонски ликовен уметник, беше означен стартот на овој вид култура.

А Трајковски донесува , за него препознатливо освежување кое преку мостовите не доближува до Божествениот премин чија цел е гледачот да најде мост до својата и неговата душа.На убав начин тоа ни го опиша Марија Панова, која ја отвори изложбата.Искреноста во неколкуминутното нејзино излагање прозвучи топло и сугестивно,така како што таа ги осознала сликите и воопшто уметноста на Трајковски.

А сликите на Трајковски се изразито сугестивни и верни на оригиналот, всушонт тие се своевидни оригинали , кои има ствоја душа и пулсираат на свој начин.

На изложбата со пригодни зборови се обратија и автотот Новица Трајковски, ликовмиот уметник Владимир Темков и директорката на Домот на културата „Иван Мазов Климе„- Јулијана Туриманџова, која го поздрави авторот и притоа изрази задовослство што уметник од ваков профил излага слики во Галеријата во Кавадари.Истовремено таа навести плодна културна есен во Кавадарци во институцијата што ја води.

70819108_514078016035279_7875731412425375744_n.jpg70697210_2481375498816185_3275200459152818176_n.jpg71481190_2316304642032927_4427810140544040960_n.jpg70614095_658947641261894_5316957379718283264_n.jpg

70255157_2437918859621837_5066313336115691520_n.jpg