ЈАНЧЕВ : „Јас не се согласувам со дел од раководствто на ВМРО-ДПМНЕ , тоа не значи дека мојата партија не чини“
„Почитувани,
Имам обврска да Ви се обратам вам како новинари,но и на целата јавност.
Многу е погрешно да се изнесуваат во јавноста невистинити и погрешни информации. Доколку би го погледнале целото интервју, зборовите кажани во овој наслов нема да ги слушнеме.
Нема начин, Владата и Зоран Заев ,како да ми помагаат мене. Проектите кои се реализираат во Општина Кавадарци во заедничка соработка и финансирање со Владата се за жителите на Општина Кавадарци , не се за мене. Тоа што Владата успешно реализира дел од проектите во нашата општина е само резултат на добро заедничко менаџирање за доброто на нашата општина.
Веќе долго време мојот став е дека не се согласувам со дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, тоа не значи дека мојата партија не чини. Ова е уште еден неуспешен обид, да се стави сенка на мојата личност и моето успешно работење како градоначалник, од страна на оние со кои не делиме исти ставови.
Митко Јанчев
Градоначалник на Општина Кавадарци„ ,
наведено е во соопштението-демант од градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев.
прилог интервју ; https://www.signal.mk/mitko-janchev-zaev-i-vladata-mi-pomagaat-vmro-dpmne-ne-chini-video/?fbclid=IwAR3C-5vQ6ZAqJ0mGNzogcVrtDTxFgdM2HPh4RplzJuKh9jDur9ZQpOQg7Tc