МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска во СОЗШУ „Ѓорче Петров„ Кавадарци се одржа фестивал на млади вино, наменет за граѓаните на Кавадарци учениците и самото училиште. Училиштето годинава произведе добро вино од грозје произведено на сопствените плантажи со грозје.Имавме можност да пробаме и навистина е така

Енолози од ВВ „Тиквеш„ и ВВ„Гоце Делчев-Тиквеш„- беа во комисијата која го оценуваше квалитетот на мострите вино кои ги доставија ученици кои годинава учествуваа во натпреварот за најдобри .Ним и беа врачени прогодни признанија.

Инаку во самата манифестацција учествуваа и учениците ид училиштето под раководство на професорот Влатко Тасев кој изведоа пригодна музичка програма, а на присутрните им се обрати и директорот на ЗШУЦ„Ѓорче Петров„ Горан Велковски .На свеченоста , и прогласувањето на најдобрите присуствуваа голем број гости ,преставници од јавниот живот, граѓани на Кавадараци професори од училиштрето и ученици - идни енолози кои „заразени “ од виното , резменија искуства за стручноста во производството на вино.

76615048_1221598154707662_7033880825561088_n.jpg75627581_3224436160916223_606990913146716160_n.jpg72721288_2777990665585595_2338896480523255808_n.jpg