Комуналната изградба во Општина Кавадарци се одвива со засилен интензитет, за среќа и временските услови го дозволуваат тоа.
Моментално се работи на неколку големи проекти кои се од големо значење за нашата општина. Овие проекти граѓаните ги бараа со години , но еве , најпосле изнајдовме начин и ресурси за нивна реализација.
-Се започна со активности на ул.Шишка од Северен булевар до 27ми Март. Инвестиција од ЈПДП 25 милиони денари , ќе се работи на површина од 14 000 метри квадратни во должина од 1 километар и 200 метри, и инвестиција од ЈП Комуналец 7 и пол милиони денари, замена на водоводна и фекална канализација и поставување на нова водоводна линија. Општината учествува со 31 милион денари, вкупната инвестиција за овој проект е 64 милиони денари. Ул.Шишка сега ќе има 3 ленти , тротоари и велосипедски патеки.
-Пробивањето од ул.Ресавска кон Западен булевар исто така е започнато се работи на должина од еден километар и 100 метри со две сообраќајни ленти и тротоари, на површина од 5900 метри квадратни. Се работи на комплетно осветлување, вода , фекална и атмосферска. Ова е прва фаза на реализација и инвестицијата е 20 милиони денари.
-Паркингот кај Анот ќе биде со паркирање на едно ниво на површина од 1300 метри квадратни, поплочено со бехатон коцки со комплетно осветлување и паркинг менаџмент систем. Инвестиција од 4 милиони 800 илјади денари.
-Паркингот за Градските гробишта е инвестиција на ЈП Комуналец со претходна експропријација од Општина Кавадарци. Со овој проект ќе се реши паркирањето на градските гробишта, инвестицијата е 2 милиони и 200 илјади денари и се работи на 1500 метри квадратни.