Новогодишниот караван на Еуроникел Индустри продолжи и денеска 31 декември со посета на децата во Општата болница во Кавадарци
Откако поделија новогодишни пакетчиња на сите деца во основното училиште и градинката во Возарци минатиот петок, а вчера со подароци ги развеселија штитениците на дневниот центар, посебните паралелки и децата во инклузија при ОУ Страшо Пинџур, ноовогодишниот караван на Еуроникел Индустри, само неколку часа пред да започне новогодишната прослава, го посетија детското одделение при ЈЗУ Општа болница Кавадарци. Посетата е со цел, со новогодишни паетчиња, малку да се разведрат токму дечињата хоспитализирани на новогодишната ноќ.
Покрај новогодишните пакетчиња, претставниците од Еуроникел Индустри се дружеа со децата, а остварија средба и со персоналот и директорот Коцев и раководството на болницата. Од компанијата велат дека со овој гест се надеваат дека ќе внесат малку радост и надеж дека се ќе биде подобро во Новата година.
Компанијата Еуроникел Индустри со својата поддршка е вклучена во сите локални активности, но посебно е посветена на грижата за децата, нивната добросостојба и целокупното подобрување на современите едукативни процеси.