МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„На 15.01.2020 во ОВР Кавадарци од страна на правно лице од Кавадарци е пријавено дека на 12.01.2020 сопственикот добил телефонски повик од лице кое се претставило како Г.К., претставник од фирма од Богданци, со цел да закаже одржување семинар за повеќе странски инвеститори кои би престојувале неколку дена во хотелскиот објект. Според пријавеното, подоцна Г.К. испратил возило од такси компанија од Кавадарци и побарал услуга од сопственикот да му даде 20.000 денари, за таксистот да ги однесе во Куманово, од каде требало да се набават подароци за гостите, а потоа тој да му ги врати парите. Парите, според пријавата, биле дадени на таксистот, кој ги предал на едно лице во Куманово, но Г.К. веќе не бил достапен на телефонскиот број. Се работи на расчистување на случајот.

Исто така, на 13.01.2020 год. во 13.50 часот во Полициската станица - Кавадарци О.К.(41) од Кавадарци, управител во такси компанија од Кавадарци пријавил дека бил измамен на 06.01.2020, околу 09.50 часот, кога по телефон му се јавило лице Г.К., менаџер на деловен субјект од Богданци и му побарал превоз со минибус на неколку лица од аеродромот Скопје до Гевгелија, а крајната дестинација да биде Охрид, кој што ќе чинел 18.000 денари. Според пријавеното, по кратко време Г.К. повторно му се јавил и го замолил да испрати 15.600 денари во Куманово, преку такси возач од Велес, за да бидат купени подароци за гостите. Според пријавеното, тој го контактирал таксистот кој го известил дека парите ги дал на лице во Куманово. Се работи на расчистување на случајот.„ се наведува во денешниот извештај од Билтенот на ОВР Кавадарци.