УМЕТНИЧКА ВЕЧЕР ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА

Во рамките на манифестацијата “Топол културен бран 2015“, во организација на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, а со подршка на Министерството за култура на РМ и Локалната самоуправа на општина Кавадарци, во четврток, на 20 август 2015, Кавадарци го очекува исклучителна уметничка вечер: Во 20.00 часот (Галерија при Дом на култура Кавадарци) - Отворање на изложба на познатиот македонски ликовен уметник Драган Најденовски од Битола;потоа во 20.30 часот (Галерија при Дом на култура Кавадарци) – ке се одржи-Промоција на книгата “Етичари“ од Проф.Д-р Кирил Темков.Во 21.00 часот во ресторанот на Хотел Уни Палас 2 ке биде отворена Меѓународната ликовна колонија “Михајлово - Кавадарци 2015“.Уметничката вечер завршува во 21.30 часот во ресторан на Хотел Уни Палас 2 со Џез концерт на “Modern Jazz Quartet K“