МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Павле Богев -претседателот на ЛК на СДММ Кавадарци денеска одржа прес конференцција на која говореше за младинските политики и грижата на СДСМ за младите кај нас.

Интегрален текст

„Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани сограѓани,

Преку бројни спроведени мерки во континуитет покажуваме вистинска грижа за младите во нашата држава.Во таа насока е носењето на Законот за младински додаток кој обезбедува месечна исплата од 3.000 денари на млади вработени лица до 23 години со завршено најмалку средно образование, а кои се вработени во производствена дејност или се занимаваат со земјоделство.Со ова се овозможува подобрување на животниот стандард на младите и се стимулира атрактивноста на стручните занимања, за кои на пазарот на трудот постои голем интерес.

Истовремено им се излегува во пресрет и на потребите на работодавачите со соодветно квалификувана работна сила, која тие ја бараат меѓу стручно образованите млади луѓе.Законот за младински додаток ќе придонесе за подобрување на севкупните економски односи, ќе го поттикне економскиот раст на економијата, а со тоа ќе се придонесе за зголемен вкупен економски раст и развој во Република Северна Македонија.Младинскиот додаток, заедно со мерките за стимулирање на интересот за дуално, односно стручно образование, зголемениот фонд на Оперативните мерки за вработување кои вклучуваат тренинзи и оспособување на младите за профили кои се барани на пазарот, во огромна мерка им отвора нови шанси за вработување на младите.Потврда за сите заложби на СДСМ и Владата изминатиот период е и намалувањето на стапката на невработеност кај младите на 35%, која е значително намалена во однос на 2016 година, кога во времето на ВМРО-ДПМНЕ изнесуваше 48,2%.Младите ги препознаваат овие политики и на 12-ти април истите ќе ги поддржат.

Павле Богев

Претседател на ЛК СДММ Кавадарци„