МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Културни настани во Домот на културата до крајот на април

До крајот на месец април 2017, љубителите на културата и уметноста ги очекуваат следните настани кои ќе се одвиваат во Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци:Во вторник, на 25 април, со почеток од 20 часот во Галеријата и Салата при Домот ќе се случи “Вечер на унгарската култура“.Вечерта ќе содржи филмска проекција, изложба и концерт по повод 135 години од раѓањето на Бела Барток.Во среда, на 26 април, со почеток од 19.30 часот, во Салата при Домот на културата, познатиот актер Петар Темелковски ќе ја изведе монодрамата “Песни за татковината“, посветена на 75 години од смртта на Никола Јонков Вапцаров.Во четврток, на 27 април, со почеток од 19.30 часот, во салата при Домот на културата, ќе се одржи Премиера на детскиот мјузикл “Приказна од земјата Музикалија“ на авторот Силвана Чулева Атанасова, а во адаптација и режија на Александар Малинков. Кореографијата е на Билјана Грозданова. Претставата е во продукција на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци.Во петок, на 28 април, со почеток од 20 часот, во салата при Домот на културата ќе се одржи реприза на театарската претстава “Стјуардеси“.