МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Интегрален текст

„Почитувани претставници на медиумите

Почитувани сограѓани

Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија за само 2.5 години ја стабилизираше економијата и обезбеди раст кој овозможи унапредување на животниот стандард на граѓаните.

Преку креативни политики, реални и развојни реформи покажавме дека имаме визија и знаеме да направиме развојна и просперитетна држава.

Овозможивме отворање на 60.000 нови работни места.

Со тоа обезбедивме посигурна иднина на 60.000 нововработени граѓани и на нивните семејства.

Имаме рекорден пад на невработеноста на 17.1 отсто.

Покрај ова имаме намалување и на стапката на невработеноста кај младите на 35,3 проценти.

Ова е најниска стапка на невработеност досега.

Имаме план и знаеме како со успешни и конкретни економски политики да создадеме клима за отворање нови работни места.

Еден од клучните механизми за остварување на таа цел е Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот, кој годинава очекуваме да вклучи 12.000 невработени лица.

За Оперативниот план за вработување во 2020 година се издвоени рекордни 1,45 милијарди денари за инвестиции во претприемништво, поддршка за креирање нови работни места, обуки и доквалификација, особено во информатичката технологија, практиканство, а исто така продолжува и реализацијата на Гаранцијата за млади.

Се покажа дека самовработувањето преку стартување на микро бизниси е одржливо, бидејќи 93% од компаниите формирани со помош на оваа мерка во 2017 година активно работат, како и 99% од компаниите формирани во 2018 година.

Затоа во 2020 година очекуваме отворање на нови 1.364 микро бизниси, за кои се издвоени 447 милиони денари.

Оперативните мерки и во 2020 предвидуваат обуки и доквалификации и за дефицитарни занимања, за да им се излезе во пресрет на потребите на пазарот на трудот.

Во Гаранција за млади се вклучија над 18.000 лица, од кои 35% се стекнале со практиканство, обука или биле вработени.

Продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат нови и добро платени работни места и повисоки плати за работниците.

За нас секој граѓанин е важен!„.