Денеска во Галеријата и Салата при Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци ќе се одржи Чешко - Македонска уметничка вечер, со ликовна изложба и игран филм.
Ликовната изложба на уметници од Р. Чешка и Р. Македонија со наслов „Изминување на времето“ ќе биде отворена во 19.30 часот.
Оваа изложба на автори од Р. Чешка и Р. Македонија донесува дела меѓу другите од Ленка Сарова, Варвара Дивишова, Мариана Аласер, Михаел Поспишил, Карел Штаинер, Катерина Таневска, Глигор Васков, Андријана Мациев, Мирјана Крстева Массетти, Марјан Ѕин, Петра Јовановска и Рафаел Ристовски. Авторите се од разни генерации, кои творат во различни медиуми како сликарско, вајарство, графика, фотографија, плакат, видео, инсталација итн.
Дадениот момент, времето ги поврзува овие уметници и прави една симбиоза на нивните трудови ставени во еден простор во одредено време.
Изложбата свечено ќе ја отвори господин Јосеф Брож, заменик амбасадор на Р. Чешка во Р. Македонија и директорот на Дом на култура Кавадарци,Владимир Темков. Изложбата е финансиски поддржана од Министерство за култура на Р.М. Организатор и куратор на ликовниот проект е ликовниот уметник Петра Јовановска.
Во рамките на вечерта, од 20 часот ќе биде прикажан играниот филм “Кирил и Методиј - Словенски Апостоли“.