МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кралствто Норвешка со грант учестуваше во поставување на нова фасада и покрив на ЗШУЦ „Ѓорче Петров„

ЗШУЦ „Ѓорче Петров„ во Кавадарци ја подобри својата енергертска ефикасниост со гранд доделен од Кралството Норвешка.Со извршените градежни работи на фасадата и покривот значително се подобри енергетската ефикасност на ова училиште кое е изградено 1956 година а 290 ученици и вработени добија подобри услови за настава и работа.

Вкупната вредност на зафатите е 84.000 евра од кои 80.000 се грант од Норвешката амбасада додека 4.000 се средства обедбедени од Општина Кавадарци.Зафатите на училишната зградата вклучуваат инсталација на 1.200 м2 енергетски ефикасна термо-изолациона фасада и промена на 1.500 м2 азбестен покрив со нова, ефикасана енергетска конструкција.Се очекува подбрување до 35 % во поглед на намалувањето на сметките за искористена енергија, што е дополнителна заштеда.

Работите во СО ЗШУ „Ѓорче Петров„ започнаа во ноември лани а поради временските прилики непрекинато се спроведуваа изминатите 4 месеци.Работите ги изведуваше Компанијата „Метал Апостолов„ со соизведувачи.

Грантот за Општина Кавадарци еден од четирите преку проектот Нордиска поддршка и напредок на Македонија спроведен од Канцеларијата на ОН за проектни услуги УНОПС.

По тој повод во Кавадарци престојуваше норвешниот амбасадор Јерн Јелстад, новоименуван амбасадор на Кралството Норвешка со седиште во Белград.При престојот во Кавадарци финасиерите на проктот со домаќините Градоначалникот Митко Јанчев и директорот на училиштето Горан Велковски извршија увид во завршените градежни зафати кои се од големо значење за самото училипте и Кавадарци.Инаку разговори имаше и во Кабинетот на Јанчев каде тој се сретна со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев при што изрази спремност неговата земја да учествува во финасирање на други проекти,како новиит градиничен премин.На разговорите присуствуваше и раководителот на Вардарскиот плански регион Марко Колев.