МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Заклучоци од одржаниот состанок на Кризниот штаб за заштита и спасување на Општина Кавадарци во проширен состав како и Дирекцијата за заштита и спасување, Центар за управување со кризи и ОВР Кавадарци

На состанокот беа донесени следните заклучоци и мерки:

Службите на ЈП Паркинг да ги дезинфицираат сите банкомати и други слични апарати со средство за дезинфекција на секои 30 до 40 минути. Согласно заклучокот од 23 та седница на Влада на Република Северна Македонија општинскиот штаб за заштита и спасување препорачува на жителите на Општина Кавадарци да ги почитуваат сите препораки и да се избегнуваат сите групирања над 5 лица. Во однос на овие заклучоци за територијата на Општина Кавадарци препораката е да не се групираат над 5 лица во викенд населбите Моклиште, споменикот на 12 Ваташки младинци и викендиците на Тиквешко езеро. На овие места ќе има редовна контрола од ОВР Кавадарци. Почнувајќи од денес , на трите влезови во градот ќе се постават пунктови за дезинфекција на сите возила кои што влегуваат во градот и транзитираат. На пунктовите ќе бидат дежурни лица од Шумско стопанство Бор Кавадарци, Дирекција за заштита, Територијална противпожарна единица, ЈП Комуналец, инспекциско одделение на Општина Кавадарци, Мој општинар и ОВР Кавадарци. Претставници од надлежните институции за спроведување на мерките:

- ОВР Кавадарци – Командир Сашко Димовски

- ТППЕ Кавадарци – Командир Александар Чадамов

- Национални шуми подружница Бор - Шеф на одделение за заштита на шуми Петко Ристовски

- Дирекција за заштита и спасување – Раководител Драган Котев

- Центар за управување со кризи – Советник Виолета Јованова

- Општина Кавадарци – локална самоуправа – инспектор за животна средина Доне Илов , Раководител на инспекциско одделение Драган Рамов

- ЈП Комуналец – Раководител на сектор за хигиена Петар Камчев