МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Г.В.(42) од с.Возарци, кавадаречко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 19.03.2020, при проверка од полициски службеници било констатирано дека пријавениот, иако на 18.03.2020 потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство, тој не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.“

-“Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци поднесе кривична пријава против Б.С.(45) од с.Сирково, општина Росоман, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 19.03.2020, при проверка од полициски службеници, било констатирано дека пријавениот, иако на 18.03.2020 потпишал изјава за самоизолација од 14 дена и примил писмена наредба од Министерството за здравство, тој не се придржувал на изречените мерки за самоизолација.“