МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (05/06.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека 72 лица не ја почитувале оваа мерка, при што биле приведени 59 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци на 88 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 55 лица потпишале изјави за самоизолација.

Истовремено полициските службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ги почитувале мерките за изолација и самоизолација. „-соопштуваат од МВР.