На седница која денеска се одржа на барање на Локалната самоуправа се расправало за повеќе теми околу такси превозот а се донеле соодветни зкјлучоци поврзани со унифицирањетри на такси возилата , обележувањето на паркинг местата и решавањето на таканаречените диви таксисти.
На средбата присуствувале Градоначалникот Митко Јанчев,Командирит на ПС од ОН Кавадарци Сашко Димовски, стручните служби и сопственици на такси компании и таксисти.
Од заклучоците на ова средба издвојуваме:
- До крајот на ова недела да се обележат сите паркинг места за такси возила и да се постават сообраќајни знаци на местата каде недостасуваат
- Обележаните паркинг места да биудат слободни и да се користат исклучиви за возила за такски превоз со цел да се воспостави ред,при што интензивно ке се вклучи и ПС од ОН Кавадарци со засилени контртили
-За да се реши проблемот со свите таксисти, Локалната самоуправа апелира до граѓаните и такси превозниците кои регуларно вршат поревоз на патници ,да ги пријавуваат нелегитимните превозници на телефонот 192.
-На такси превозниците им беше претставен новиот предлог брендинг на автомобилите со цел да се изврши унифицирање на автомобилите.Рокот на унифицирање е 30 август 2018 година.