МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Општина Кавадарци успешно реализираше уште едно барање на граѓаните. Денес екипа на ЈП „Комуналец“ од РЕ „Водовод и канализација“ го стави во функција приклучокот на водоводната линија преку кој после долго време протече чиста вода за пиење од старата селска чешма во Марена. Општината со овој проект ја „оживеа“ чешмата која е историски паметник за чија старост нема официјални податоци, но постарите жители од Марена ја знаат како чешма од памтивек. За староста на чешмата сведочат и двете антички мермерни стели од локацијата на античката населба „Градиште“-Глишички рид, вградени во архитектурата на чешмата. Проектот се реализираше на барање на жителите од селото. Во наредниот период општината ќе инвестира и во новото партерно и хортикултурно уредување на чешмата“- известуваат од Кабинетот на градоначалникот на Кавадарцуи Митко Јанчев.

м.д.

97337805_2730574053833305_5657987747344809984_n