Интегрален текст
„Почитувани сограѓани
ВМРО-ДПМНЕ веќе години наназад претставува најголемиот извор на лажни вести.
Освен лаги, манипулации и криминал граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ ништо друго не видоа.
За десет годни не успееа да изградат, реновираат или опремат ниту една градинка овде во Кавадарци.
Имено сите проекти кои беа презентирани на денешната прес конференција, се проекти реализирани во изминативе три години од страна на Министерството за труд и социјална политика, со кое во тој период раководеше Мила Царовска, која покажа како на вистински начин се води овој ресор.
Во изминативе три години Владата предводена од СДСМ инвестираше 1,4 ,милиони денари во целосно опремување и адаптација на детската градинка “Буба Мара”. 2,6 милиони денари во доградба и опремување на детските градинки “Снежана” и “Детелинка”.
Отворивме нова детска градинка во с. Марена.
Во изминативе три години извршивме целосна реконструкција и опремување на простор за детска градинка во с. Возарци. Село Возарци за прв пат доби своја детска градинка.
Исто така Министерството за труд и социјална политика започна со изградба на нова детска градинка во Кавадарци. Инвестиција во вредност од 52 милиони денари.
Вкупните инвестиции во изградба, реконструкција и опремување на детските градинки за период од само три години изнесуваат 57 милиони денари, односно неспоредливо повеќе во однос на целиот период на десетгодишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
Наместо во споменици и барокни фасади, ние инвестираме во инфраструктуа потребна за граѓаните.
О.О СДСМ Кавадарци“- се наведува во реакцијата на СДСМ-Кавадарци на реакцијата на ОК на МВРО-ДПМНЕ.