МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Општината Кавадарци започна со реализација на нов комунален проект според кој треба да се поплочат тротоари и делови од четири градски улици. Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ денес работеше на поплочување на крак од ул. „Браќа Џунови“ во „Кадрово маало“. Согласно проектот се поставуваат бехатон коцки на површина од 137 метри квадратни. Веднаш по завршувањето на оваa се преминува на наредната соседна локација каде е предвидено поплочување на површина од 173 квадрати. Во оваа кампања е предвидено и поплочување на тротоари на улиците: „Авала“, „Преспа“ и „Беласица“.

123669502_2888689484688427_4208796132067150019_n 123839469_2888689481355094_6007727533521100563_n