-„Општината Кавадарци продолжува со реализација на успешниот проект за обнова на фасадите на зградите во строгиот цеднтар на градот.Од вчера градежната оператива на фирмата „Метал Апостолов“ започна со обновување на фасадата на зградата после „старата автобуска“ на улицата „Илинденска“. Ова е првата од вкупно петте згради на кои ќе се изврши фарбање и обновување на сачокот и олуците. Четири згради се на „Илинденска“ а една зграда е на улицата „Цано Поп-Ристов“ на северниот влез од Градскиот зелен пазар.За оваа намена општината од буџетот одвои нашто над четири милиони денари. Да потсетиме дека во првата фаза општината обнови фасади на тринаесет колективни станбени објекти, лоцирани покрај централните градски улици.„- се вели во соопштението кое го добивме од Кабинетот на Градоначалникот Митко Јанчев.
м.д.