МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

“Фејсбучарење“е четиво за забава и разонода кое има за цел да опоменува, предупредува, мотивира и инспирира. Ова е најновата книга која низ една спонтана, несекојдневна искрена љубовна приказна која предупредува на сите предности и недостатоци со кои се соочуваме секојдневно „живеејќи“ на социјалните мрежи.

Пораката која ја испраќа со овој тинејџерски роман е следнава: да не дозволиме интернетот и социјалните мрежи да ни станат основен јазик на комуникација, да бидеме свесни за сите ризици и опасности кои можат непријанто да не изненадат а од друга страна пак да се бориме да ја препознаеме и заслужиме вистинската љубов какко и да не го мериме успехот и популарноста на една личност според бројот на лајкови на фејсбук.

Турунџиева ги најави и следниот роман насловен “Реставратор”, како и прирачникот за среќа, “Среќометар”. Во завршна фаза е и четвртата збирка со илјада мисли и цитати.

Книгата беше промовирана во галеријата при Домот на културата “Иван Мазов-Климе” од Кавадарци во рамките на традиционалната манифестација “Кавадаречка културна есен 2016“.