МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од денеска, 21-ви јуни, на земјава ѝ се заканува целосен медиумски мрак кога станува збор за телевизијата. Кабелските и другите оператори во знак на протест против неодамна донесениот Закон за медиуми, ќе ги изгасат сите телевизиски канали, со исклучок на националниот сервис МТВ.Неодамна бил испратен допис со ваква содржина на адреса на Владата, но и до сите релевантни институции, со тоа што посебно со случајот биле запознаени техничкиот премиер Оливер Спасовски, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, претседателот Стево Пендаровски и други високи функционери и странски амбасадори.Операторите посебно негодуваат на последната владина Уредба, со која им се наложува на операторите да ги пререгистрираат сите странски канали во период од 60 дена, наметнувајки им ретроактивна обврска за веќе регистрирани канали. Според операторите, невозможно е спроведувањето на оваа одлука во дадениот рок, а странските канали нема да ги потпишат новите изјави. Со тоа постои можност за кривично гонење на управителите на радиодифузерите и операторите.„Предлагаме измена на Упатството за постапката за утврдување на одговорноста за сторена повреда или прекршување при реемитување на програмски сервиси на радиодифузери од друга држава со додавање на соодветна процедура што ќе ја официјализира постапката на затемнување на секоја содржина реемитувана од странски радиодифузер за која национален радиодифузер ќе не извести дека поседува ексклузивни и/или приоритетни права за реемитување на територијата на земјава“, се наведува .Инаку, Законот за аудио и аудиовизуелни и медиумски услуги беше донесен на 16-ти февруари оваа година, без претходно да има јавна расправа. Според новиот закон, операторите сега имаат обврска да гарантираат за авторските права на програми кои не ги произведуваат, односно само ги реемитуваат, и за тоа да сносат материјална, но и кривична одговорност.Набрзо потоа од страна на операторите беше поднесена иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на спорните одредби од законот, односно членот 143, меѓутоа Уставниот суд сè уште нема донесено одлука