Во Кавадарци имa 56.000 м2 зеленила о околу 3.000 садници
Одржувањето на дрворедите и зеленилото во градот е навидум едноставна работа но сложена задача затоа што треба да биде во добра кондуиција и во лето но и во зима.Сите ние сакаме да се движиме или спортуваме покрај зелена трева или убави дрвореди и дишиме чист воздух.За се` да биде како треба големо внимание посветува ОЕ„Хигиена и зеленило„ при ЈП„Комуналец“.Деновиве, по дождот,но и пред тоа ,комуналци работат на обновата уредувањето и одржувањето на 56.000 м2 зеленило и околу 3.000 садници(без парковите).Се посадија и нови дрвореди(на Киро Крстев), се интервенира на постојните(120 нови садници).На ред се жардинерите со цвеќе.Се уредува делот пред зградата на Собранието ,се продолжува по 7 Септември каде во држачите на столбовите поставени 60-те години кои се свежо фарбани, ке се постават нови саксиски цвеќиња, со цел разубавување на овој дел на градот.
Продолжуваат и кражбите на веке посадени цвеќиња,оштетувања на клупи во градскиот парк.Но тоа е друга приказна.Нашиот објектив ви прикажива само двајца од повекете комунални работници кои секојдневно се грижат за дрворедите, зеленилото,цвеќето...Александар Камчев долги години е околу кејот–деновиве беше зафатен со окопување на младите садници и чистење на плевелот а во кадарот ни влезе и неговиот колега кој денеска косеше трева во паркот спроти Полицијата .