Општина Кавадарци континуирано работи на нови површини со хортикултурно уредување.
Во последна фаза е деветата локација која претходно беше обработена , па се постави систем за наводнување а денес се сееше и тревата. Локацијата се наоѓа на ул.„Ѓоре Брушански“. Исто така денес се сееше трева и на површината кај зградите „Белка“. И на оваа површина претходно беше поставен систем за наводнување.Во последните години значително е зголемен бројот на површини каде има хортикултурно уредување. Овој проект се уште е во фаза на реализација и во наредниот период ќе се реализираат уште неколку локации.