При посетата на ОВР Кавадарци Техничкиот министер за Внатрешни работи имаше средба со полициските структури на ОВР во Општинава при што се разговарало за работата на СВР Велес- и Одделението за внатершни работи Кавадарци како и условите за непречено одвивање на изборниот пороцес овој месец.
- Чулев :„Изборните нерегуларности ќе бидат најстрого казнувани без разлика од која политчка партија доаѓаат„.
„Денеска во посета на Општина Кавадарци беше техничкиот министер за внатрешни работи г-дин Наќе Чулев. Министерот откако беше на терен низ град Кавадарци , го посети и кабинетот на Градоначалник м-р Митко Јанчев. На средбата се разговараше за актуелните теми кои го засегаат граѓанското општество како и за состојбата во која се наоѓа Општина Кавадарци. Министерот се запозна и со реализираните проекти на општината кои се однесуваат на безбедноста на граѓаните", соопштуваат од Кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Јанчев
м.д.