МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Дрекслмајер продолжува со донирање на медицинска опрема на Општата болница во Кавадарци.

Со предавање во употреба на медицинскиот апарат колоноскоп компанијата го комплетираше проектот за донација на современа медицинска опрема за испитување на внатрешниот дигестивен тракт кој го започна кон крајот на минатата година со донирање на гастроскоп.

Со колоноскопот болницата во Кавадарци е единствена во поширокиот регион каде се вршат испитувања од овој тип, а за кои претходно пациентите беа препраќани на Клиничкиот центар во Скопје.

„Нашата болница има одлична соработка со Дрекселмајер. До минатата година, прегледите на внатрешен дигестивен тракт беа само планови, но денес веќе имаме нивна успешна реализација. Благодарение на оваа компанија располагаме со исклучително важна апаратурата за рано дијагностицирање и превенирање на заболувања на дигестивниот тракт“, рече д-р. Диме Коцев директор на Општата болница Кавадарци.

„Преземаме одговорност како партнер на регионот и драго ми е што преку оваа поддршка ја постигнавме нашата цел. Во болницата е предвидена посебна просторија за вршење на специјалистички прегледи и особено се радувам што имавме можност да го опремиме овој простор со два најсовремени медицински апарати. Се надевам дека со новата опрема барем малку го олеснивме секојдневието на многу пациенти од околината кои претходно мораа да закажуваат прегледи на клиниката во Скопје“, истакна Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер Македонија.

Соработката на Дрекслмајер со оваа здравствена установа ќе продолжи и во иднина, а поддршката на многубројни социјални проекти и активности од областа на образованието, спортот и културата остануваат приоритет на компанијата.

Соопштение од Дрекслмајер Кавадарци