Деновиве Oпштина Кавадарци го привршува проектот за изградба на скејт парк. Денес се монтираат реквизитите. Скејт паркот ќа има 6 елементи и тоа: рампа (Bank Ramp), централен комбиниран елемент (Funbox + Grindbox 2/3 + rail 2/3), потоа кутија за стругање (Grindbox 1), како и кутија за стругање (Grindbox 2).Од реквизитите ќе има и четвртина цевка (Quarter Pipe), права шина профил (Straight rail profile). Платото за рекреација и забава на младите скејтери од Кавадарци зафаќа површина од 770 квадратни метри, а се наоѓа веднаш до јужниот влез во спортскиот центар од страна на ул.„Вишешница“. Поставено е и еколошко штедливо ЛЕД осветлување на 4 високи столбови со 2 рефлектори кои се напојуваат преку подземната нисконапонска инсталација од системот за јавно улично осветлување. Општината на скејт паркот постави и урбана опрема: клупи за одмор и корпи за отпадоци.