КОКОТОВИЌ Е СЕСТРАН УМЕТНИК КОЈ ПОДЕДНАКВО Е КВЕЛИТЕТЕН НА ПОВЕКЕ ПОЛИЊА
Во музеј галеријата на град Кавадарци Ссиноќа беше отворена изложбата на гостинката од Белград, Александра Кокотовиќ. Заради пандемијата и затворените граници авторката физички не беше присутна но нејзините слики зборуваа место неа.
Таа е родена во Сараево а живеела и во Бејрут, Лондон, Белград и во САД. Дипломирала моден дизајн на академијата „Дел Лусо“ во Милано.Организирала културни и модни настани во САД.Десетина години водела сопствена модна агенција во Лондон а била сопственик и издавач на „Лајф магазин„ во БИХ.
Инаку Кокотовиќ е уметничка која својата работа ја изразува преку сликарство, цртеж и графика.
Таа е член на друштвото на ликовни уметници на Србија и на БИХ.
м.в.