Зоран Заев-премиер на Влада :„ Состојбата во лозарството е тешка, ќе бараме фер решение од полза за сите!„ .
-Очекувам плодна, квалитетна дебата и изнаоѓање начин за надминување на состојбата. Верувам дека ќе утврдиме начин за решевање на проблемите зашто за неколку дена и официјално треба да стартува откупот, а некаде во помали количини веќе почна. Чесно се поставивме уште со ребалансот во мај, пред изборите. Предвидовме буџетски средства, знаејќи дека ќе дојдеме до вака тешка состојба,,
-Во кавадаречкиот регион има 40 милиони литри, а во цела земја 80 милиони што повеќе отпаѓа на „смедервката“ и тука треба да ја направиме вистинската интервенција. Договоривме за „вранецот“ 11 денари, а за „смедеревката“ девет. Државата ќе интервенира со два плус два денара за да ги постигнеме конечните цени од 15 денари за вранец и 13 денари за смедервка. Обезбедивме и два денара за високосортните грозја со кои се покриваат десет милиони килограми што дополнително е издаток од 20 милиони денари. Вкупно, државата ќе издвои 340 милиони денари или 5,5 милиони евра, нагласи премиерот Зоран Заев кој во Кавадарци беше со вицепремиерот Битиќи и министерот Хоџа на средба со претставници на лозарите во Кавадарци.На разговорите присуствуваа градоначалници на Кавадарци, Неготино и Росоман а дијалогот се водеше со двете Здруженија на лозари кои излегоа со единствени ставови.Ако не се најде решение - од утре да протестираат.
м.д.