МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

фото архива ртк.мк

ВАЖНА ПРЕПОРАКАТА ОД КАБИНЕТОТ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МИТКО ЈАНЧЕВ КОЈА СЕ ОДНЕСУВА НА ПРИВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА РЕЖИМОТ СООБРАЌАЈОТ ПОРАДИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА УЛИЦА „ШИШКА“ КОЈА Е ВО ЗАВРШНА ФАЗА НА ИЗГРАДБА

Се препорачува до сите превозници и учесници во сообраќајот со тешки товарни возила, почнувајќи од утре 23.09.2020 г. ( среда ) до 30.09.2020 г. ( среда ), да не го користат патниот правец од „Северен булевар “ до Глишиќ, односно дел од ул.Шишка, поради изведување на завршни градежни активности за реконструкција на ул.Шишка. Сообраќајот се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возила а тешките товарни возила дополнително го отежнуваат сообраќајот особено возачите на трактори. Уште една ПРЕПОРАКА , да се користат патните правци преку Росоман и Дреново за излез од градот. Се препорачува и до фирмите со седиште на ул.Шишка, своите потреби со тешки товарни возила да ги организираат по 20 часот. Ви благодариме на разбирањето. Со почит, Кабинет на Градоначалник.