МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Ракот на дојка не познава пол, ниту возраст, ниту било каква друга припадност. Секој од нас може да се соочи со оваа болест. Затоа е многу важно гласно да зборуваме. И навремено да делуваме. Важно е да ги здружиме силите и сите заедно да му се спротивставиме на ракот на дојка. Среќни сме што во нашата борба повторно се приклучува и AVON Macedonia како златен спонзор на најголемата европска трка @ Race for the Cure - Macedonia . AVON е наш долгогодишен партнер и веќе 13 години ја поддржува работата на Борка, преку донации кои се остваруваат со средства 100% прибрани од продажба на нивните производи со розова панделка. Заедно, продолжуваме да работиме на подигањето на свеста за оваа болест. Продолжуваме да едуцираме за важноста за редовен самопреглед и откривањето на раните знаци на болеста. Упатуваме отворена покана до сите, за поддршка и активно учество во трката. Регистрирајте се на www.raceforthecure.eu, поканете ги Вашите роднини и пријатели и сите заедно да направиме голема розова бука! Останете безбедни, останете поврзани! Трчаме или пешачиме за сите големи борци! #RFTC2020 #raceforthecuremacedonia #AvonMacedoniaTeam ДОЈДЕТЕ ВО НЕДЕЛА ВО 11 ЧАСОТ ПО ПАРКОТ СПРОТИ ПОЛИЦИЈАТА (ПАРК НА РЕВОЛУЦИЈАТА).ИЗЛЕЗЕТЕ И ПОДРЖЕТЕ ЈА ТРКАТА НА ЛЕКОТ.

Од Здружението во Кавадарци на „Борка„ ве повикуваат :За сите Ваши и Наши кои се борат со ракот на дојка; поддржете ја трката , регистрирајте се на ликот кој следува и донирајте за најхрабрите.Со еден клик и внесување на кодот 66FC2FD7 ке ги поддржите сите кои се борат со ракот на дојка. линк : https://www.raceforthecure.eu/mk/Participants/Team/Id/5461?fbclid=IwAR0HUj9G3RVx-fQv0rBJ2MQKbf4zHeZ-DMztJAbxE82eeZ_xNF0cKlz7kDs.