Градскиот стадион во Кавадарци го добива својот нов лик. Започна дренажа на новиот терен финансиран со 200 000 евра од Агенција за млади и спорт. За околу две недели теренот ќе биде подготвен за одржување на натпревари. Континуирано се работи и на изградба и реконструкција на северна и јужна трибина финансирани од ФФМ со околу 300 000 евра. Градскиот стадион во Кавадарци ќе добие сосема нов лик како што му доликува на нашиот град. Шпекулациите до кои доаѓаме се дека за две - три недели ќе се играат првенствени натрпевари на Градскиот стадион во Градскиот парк во Кавадарци. 120258552_2853513031539406_3407409826708167868_n