МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НА 25,26 И 27 СЕПТЕМВРИ ШИРУМ ЕВРОПА СЕ ОДРЖА МАНИФЕСТАЦИЈАТА ТРЧАМЕ ЗА ЛЕК - ВЧЕРА И КАВАДАРЦИ СЕ ПРИКЛУЧИ КОН ЕВРОПСКОТО СЕМЕЈСТВО

„Трчаме за лек“ е манифестација која годинава се одвиваше во 22 европски земји меѓу кои и Македонија. Станува збор за настан преку кој се ширеше позитивна енергија како подршка до заболените од рак на дојката. Се собираа донации, се продаваа маички, се шеташе односно маршираше. И кавадаречките „Борки“ беа активни учеснички во целиот овој настан за кој ни говореше Мери Парчева координатор на организацијата „Борка“ за Кавадарци, а говор на подршка прочита и Благица Коцева Тодорова претседател на здружението за родова еднаквост „Визија“.

м.в.