МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Реализирана уште една крводарителска акција, во просториите на гранична полиција РЦ -југ, овој пат во организација на Црвен крст Кавадарци и Македонски полициски синдикат при МВР на РМ, а ја реализира екипа на ИТМ -Скопје и Кавадарци.Честитки за хуманоста на сите кои ја даруваа својата драгоцана течност, во услови на пандемија од Ковид 19 во Македонија.

-„Годишниот план за дарување на крв на Црвен крст Кавадарци е 3% од вкупното население од двете општини Кавадарци и Росоман и изнесува 1184 единици крв, бројка која е остварена уште во јули месец. До сега е натфрлена и бројката од 1700 реализирани единици крв,а до крајот на годината очекуваме да се доближиме до бројката 2000 крвни единици.„ вели Димитар Каракулев претседател на ОО на ЦК Кавадарци.

126009163_3766879593334056_8918729830691020857_n