МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Извиднички одред Авантуристи-Кавадарци прави ново големо извидничко семејство со уписи од 02 Октомври - 16 Октомври. Но, поради познатата ситуација со вирусот Ковид-19 , уписи ќе се извршуваат ОНЛАЈН на линкот подоле⬇️⬇️⬇️.

Извидништвото е едно од најголемите движења во светот со вкупен број од околу 50 милиони извидници. Основано е во 1907 година од страна на Баден Пауел и постои во сите земји во светот. Нашето мото е Создаваме подобар свет! Категории на членство

Развигорци: 7-10 години

Извидници: 11-14 години

Истражувачи: 15-17 години

Ровери: 18-29 години

Ветерани: 30+ години

Извиднички одред Авантуристи Кавадарци е невладина, непрофитна организација која работи во областа на неформалното образование кај младите луѓе. Целта на здружението е да придонесе во развојот на младите луѓе во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални, општествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници, како и меѓународната заедница.Со самото оформување на Извидничкиот одред Авантуристи на 09.03.2020, си поставивме за приоритет да прераснеме во водечка организација за неформална едукација на децата и младите на територија на општина Кавадарци. Огромна поддршка во целиот процес ни нуди Сојузот на извидници на Македонија, каде што извидниците од Кавадарци станаа придружни членови од 21.06.2020.

Иако оформени во период пред да се соочиме со предизвикот наречен Ковид 19, сепак продолжуваме согласно нашите цели. Целта на здружението е да придонесе во развојот на младите луѓе во достигнувањето на нивните потполни физички, интелектуални, општествени и духовни можности како поединци, како одговорни граѓани и како членови на нивните локални и национални заедници, како и меѓународната заедница.Како една од најважните активности на Извидничкиот одред Авантуристи е организирање кампови, едукативни хајкови, работилници и активности за зближување на децата со природата.

Линк за зачленување⬇️https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd2hha2yGxcnFY6Stw66rHO0eB374WxgI_aGdMxu0onZkbAGg/viewformВо продолжение видео од нашиот прв извиднички камп⬇️https://youtu.be/NFqEemLuZ3k

Доколку имате повеќе прашања на тема зачленување, контактирајте нѐ КонтактСтарешина на одред-Дарко Зоков тел. 072/251-453

Началник на одред-Ивана Ѓорѓиева тел. 070/432-156Email- ioavanturisti@yahoo.comXMA Header Image

Уписи-Извиднички одред Авантуристи-Кавадарциdocs.google.com

120712699_3397484676995213_4801236500495207471_n