„Општина Кавадарци преку ангажираната фирма „Градба промет“ работи на релизација на проект за оформување на паркинг простор. Локацијата се наоѓа зад кафетеријата „Рома“. Во оваа фаза се работи на формирање ограден ѕид од источната страна, по што ќе следи уредување на овој дополнителен мал паркинг за неколку возила.„- се наведува во известувањето од Кабинетот на градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев.