МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Пред платото на изградбата на нова детска градинка во Кавадарци на улицата „Ресавска„ зборуваше„ Петар Николов советник и член на СДСМ Кавадарци.

Интегрален текст на прес конференцијата :

„Почитувани сограѓани

Во изминативе три години покажавме како се работи домаќински, одговорно и се гради по план насекаде низ државата.

Наследивме руинирана држава во која расипнички се трошеа пари за споменици додека патиштата, болниците, градинките и училиштата целосно ни се распаѓаа. Наследивме фрлани пари на граѓани во дупки без дно.

Овде во Кавадарци во изминативе три години се инвестираа значителни средства во делот на инфраструктурата.

Општина Кавадарци изминативе десет години наназад се соочуваше со голем недостиг на градинки за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст. За само три години успеавме целосно да го решивме овој проблем.

Имено во изминатиов период започната e за прв пат по долги години изградбата на целосно нова детска градинка во Кавадарци, инвестицијата е во вредност од 52 милиони денари, а се со цел згружување на сите деца во детска градинка.

Покрај изградбата на целосно нова детска градинка, ви изминатиов период Владата предводена од СДСМ изврши целосно опремување и адаптација на детската градинка “Буба Мара”.

Извршивме доградба и опремување на детските градинки “Снежана” и “Детелинка”.Отворивме нова детска градинка во с. Марена.

Извршивме целосна реконструкција и опремување на простор за детска градинка во с. Возарци.

Капиталните инвестиции во детската заштита и во периодот кој следи остануваат врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.

Петар Николов

Советник во Совет на општина Кавадарци“.