Патот е во должина од 5км и широчина од 5,5метри. Финансиските средства во износ од 16 ипол милиони денари се обезбедени од Министерството за земјоделие и Локалната самоуправа.
Патот има голема функционалност за жителите од селата Крњево, Чемерско, Бохула и Радња и за развој на туризмот поврзан со Ски центарот„Кожуф„ кој од ова питова страна на Кожув има далеку подобра можност за пробивање и изградба.Со патот се намалува далечината кон овој сеуште неискористен Ски центар.Градоначалникот Александар Панов, кој денеска направи увид на градежните работи на делницата за новинарите изјави:„Ние размислуваме за идниот развој на овој дел од Република Македонија и од општина Кавадарци. Исто така сакам да се заблагодарам поради тоа што желбите на претседателствата на месните заедници во овие горни села, ќе бидат преточени во програмските определби на мојата партија во наредниот период„. Се уредува патната инфраструктура во останатите села од Бошавијата, .Тоа што била визија на луѓето од горните села или од некогашната општина Конопиште, сега се реализира како резултат на заеднички консултации и заложби на селските месни заедници и кавадаречката локална самоуправа. Инаку во моментов се работи и на реконструкција на локалниот пат Страгово-Крњево во должина од 400 метри и ширина 5,5 метри со финасии од локалниот буџет и Бирото за регионален развој.Повеке во видео прилогот: