МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

По повод меѓународниот ден на борба против трговија со луѓе 18-ти октомври, денес од страна на полицискиот инспектор за превенција Димитар Каракулев преку апликацијата ЗООМ беше реализирана он-лајн едукација со 25 ученици и наставници од средните училишта од Кавадарци и гимназијата од Неготино, плус неколку волонтери од Црвен крст Кавадарци кои ја проследија едукацијата преку своите персонални компјутери. Ова е за прв пат ваква он- лајн едукација од страна на МВР, поради состојбата со Ковид 19 во државата, по примерот на предавањата во образовните институции и во која едукација денес беа вклучени ученици и наставници од двата соседни градови Кавадарци и Неготино.

121980823_346600119755849_2497207499060907844_n