МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Канал 5 синоќа објави информација и фотографија на која се градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев и директорот на БЈБ Сашо Тасевски направена во СС Јасмин во Кавадарци.ИНформацијата ја пренесуваме интегрално.

„Еден од најуспешните градоначалници во Македонија, Митко Јанчев за Канал 5 ТВ оцени дека Владата направи вистински потег што на директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, му довери нов мандат.

„Станува збор за човек кој се бори против корупцијата и криминалот, пред се во интерес на нашата национална но уште поважно и морална идина на сите граѓани на Македонија, а особено за нашите најмили.“Дополнително, Јанчев потенцираше дека станува збор за досега единствениот директор на Бирото за Јавна Безбедност , кој со своите највисоки професионални капацитети, чесно и искрено ја вршеше и ќе ја врши оваа многу сериозна и одговорна задача

На крајот градоначалникот на Кавадарци додаде: „ Моите 3 деца, и сите деца во нашата убава ни земја, сигурен сум дека ќе продолжат да растат во безбедна, сигурна и здрава средина“.

Преземено од „Канал 5“.

https://kanal5.com.mk/mitko-janchev-apsolutno-zasluzhen-nov-4god-mandat-za-direktorot-na-bjb-sasho-tasevski/a444343