Министерката за образование и наука Мила Царовска и претставници на Делегацијата на германското стопанство - предводена од Патрик Мартенс и градначалникот на Кавадарци Митко Јанчев денеска го посетија Средното стручно училишта во Кавадарци „Киро Спанџов Брко„каде се реализира дуално образование по германски модел . Царовска вели дека стручното образование продолжува и во услови на пандемија како одговор на потребите на стопанството за квалитетен и добро обучен кадар. Оваа учебна година дуално образование посетуваат вкупно 220 ученици. Од нив, годинава се запишани 85 ученици.Во програмата за дуално образование се вклучени 7 училишта од 7 општини и 12 компании. Дуалното образование се реализира во Велес, Кавадарци, Охрид, Битола, Прилеп, а од оваа година во Скопје и Тетово.
Изјави на;
-Митко Јанчев- Градоначалник на Кавадарци
-Мила Царовска- Министерка за образование и наука
-Драги Ташев -директор на СОУ„К.С.Брко„
- Патрик Мартенс - Делегација на Германското стопанство