С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Јавна Презентација и Јавна Анкета
По Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.1, ,,Монопол" КО Кавадарци град, Општина Кавадарци
Граници на планскиот опфат се :
- На север – по улица ,,Видое Смилевски Бато” ;
- На исток - по осовина на улица ,,Шишка“;
- На југ - по осовина на улица ,,7-ми Септември“
- На запад - по осовина на улица,, Димката А. Габерот“.
Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 145319.85м² односно 14.53ха.
Јавна Презентација и јавна анкета ќе се спроведе со излагање на Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.1, ,,Монопол" КО Кавадарци град, Општина Кавадарци во просториите на Општина Кавадарци.
Јавната анкета трае од 09.08.2021 до 20.08.2021 година, секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавна Презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 12.08.2021 година (Четврток) во 13.00 часот во просториите на Општина Кавадарци во Голема сала.
Одржување на Детален урбанистички план за УЕ 6, Блок 6.1, ,,Монопол" КО Кавадарци град, Општина Кавадарци ќе се оджи согласно Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примаена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба (,,Службен весник на Република Македонија“ бр. 116/2020). Кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази минимум потребното растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација.
ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ГРАДОНАЧАЛНИК м-р Митко Јанчев