МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Жестока расправа меѓу опозицијата и власта за локалните проекти

Советот на Општина Кавадарци денеска ја одржа 51-та седница, на која опозицијата и власта дебатираа за извршувањето на Буџетот на Општината за 2016 година-трет квартал и Предлог одлуката за изменување и дополнување на буџетот на општината за тековната година.Овие две точки предизвикаа и расправа и диксуии кои главно се сведуваа според Зоран Бањански ,Горан Белевски и Сашко Петров од СДСМ, дека на тоа извршување од 50 насто е мало, и не е одраз на реалноста и потребите на граѓаните.Во нивните обраќања потсетија на ветените а неисполнети проекти.Советниците на ВМРО-ДПМНЕ,преку дискусиите на Зоран Јованчев и Анита Гинова- Каракутова ,го подржаа донесувањето на извршувањето на тековниот буџет, со потсетување за решените напластени проблеми од минатото, како што е водоснабдувањето, изградбата на кејот и други објекти.Јованчев нагласи дека нема да се откажат и до крај ке се залагаат за изградба на објектите а преку тоа и реализирање на ветените проекти .

Со 8 гласа за шест против и еден воздржан беа усвоени и извршувањето на 3 квартал на буџетот и измените и дополнувањата .Со ист број на гласови помина и Предлог планот за програмата за развој на Општината.Овде во расправата се вклучи и советникот Ташо Радњански кој потсети на барањето за изградбата на патот Кавадарци-Дисан кое би имало далекусежни корисни имликации за граѓаните особено лозарите.Анита Гинова Каракутова објави за аплицирањето на ЛЕР до Бирото за развој за одобрување на нови 9 милиони денати неповратни средства и учество на општината со 5 милиони за доизградбна на кејот на реката „Луда Мара„ од потегот кај „Таска“ до мостот на „Слога“.Своја одлука конкретно за ова работа советниците имаа на самата седницата , што значи по одобрувањето на споменатите средства, Општината ке ја почне постапката за новото продолжување на реконструкцијата на кејот кое се покажа како добар потег.