МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ОВР Кавадарци АПЕЛИРА до сите граѓани на општините Кавадарци и Росоман при вршење на земјоделските работи особено околу кроење на лозовите насади, да внимаваат во голема мерка при палењето на оган на отворен простор, палење на суви прачки, меѓи и стрништа, бидејки со тоа е можно предизвикување на пожари кои можат да земат и поголеми размери а со тоа да се предизвика и сторување на кривично дело „Предизвикување на општа опасност“ член 288 став 1 од КЗ на Република Северна Македонија. За да се спречи сето ова потребно е граѓаните да ги превземат следните мерки :

-- да не отпочнуваат со палење на оган на отворено доколку временските услови се непогодни за тоа, силен ветер и сл.

-- да не отпочнуваат со палење на оган на отворено доколку не се сигурни дека истиот можат да го држат под контрола.

-- Доколку запалат оган да ги превземат сите неопходни мерки истиот да не се прошири на други површини и да не земе поголеми размери

-- Да не го напуштаат местото на палење оган додека не се осигураат дека истиот е изгаснат и дека нема да дојде до негово повторно самозапалување

.-- Доколку огнот се прошири и настане пожар во поголеми размери веднаш да се повика против пожарната единица на телефонскиот број 193 и да се земе активно учество во гаснењето на истиот

Против сторителите на вакви дејствија ОВР Кавадарци ќе ги превземе сите законски мерки.