МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ЦВЕТАНКА КОЛЕВА ,КВАЛИТЕТ И РЕПЕР ЗА ПОЕЗИЈАТА ВООПШТО

Kултурните настани поврзани со традиционалната манифестација „Кавадаречка културна есен“ продолжуваат со несмален интензитет според сите КОВИД протоколи. Синока во домот на културата „Иван Мазов Климе„ се одржа промоција на најновата книга поезија на познатата кавадаречка поетеса Цветанка Колева, насловена како “Ти, моја, безмилосна една!“. Книгата е издание на издавачката куќа „Или Или“ од Скопје. Во улога на модератор на настанот беше познатиот кавадаречки артист Александар Малинков, а уште еден артист, Игор Трпчевски читаше поезија од авторката. За време на овој интерактивен настан говореа новинарката Мирјана Мукаетова, поетесата Снеже Стојческа како и самата авторка Цветанка Колева. Да споменеме дека стихови од книгата прочитаа и неколку гости присутни во салата.

м.в.

123431461_2692932544279148_1695294576113749169_o 123433272_2692932927612443_714187124948739703_o 123437591_2692932814279121_1517393592413182769_o 123452383_2692932547612481_2930227490809588621_o 123699694_2692932520945817_5429404443736569337_o 123702542_2692933304279072_7661038122738001460_o 123749045_439151700419188_6055917947437576506_n (1)