МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Деновиве во Кавадарци и Скопје со свечености и два концерти беше одбележана 100 годишнината од раѓањето на големиот македонски пеач и собирач на народни песни , Никола Бадев.Кавадарци со пиетет му се оддолжи на Бадев, му подигна споменик во центарот на градот, отвори спомен соба во новиот Музеј и организира концерт.И во Скопје исто така беше одржан голем концерт на кој настапија познати македонски интерпретатори и естрадни личности.

РТК.МК во редовната рубрика Стари фотографии на Кавадарци објавува фото-на кое Бадев , на помлади години е фотографиран со една од неговите ќерки Роска-Бадева која исто така беше исполнител на народни песни.

Фотографија датира од 1970 година.