„Кавадаречката болница го зголеми постоечкиот капацитетна ковид-центарот со уште едно одделение и дополнителни дваесет болнички кревети. За доопремување на одделението Дрекслмајер ги донираше потребните регулатори за кислородни боци кои се важен дел во процесот на лекување на ковид пациентите на кои име неопходна кислородна поддршка.
„Покрај првичниот ковид центар, за краток период приспособивме уште едно ковид одделение со дополнителни дваесет кревети во болницата. Огромна благодарност до компанијата Дрекслмајер, што и овојпат излезе во пресрет на нашите потреби и ги обезбе дирегулаторите за кислородни боци, како би биле во можност да обезбедиме соодветна здравствена услуга за нашите пациенти“, истакна др. Диме Коцев, директор на ЈЗУ Општаболница Кавадарци.
Дрекслмајер во неколку наврати од почетокот на пандемијата преку донирање на заштитнаопрема даде поддршка на здравствените работници од повеќе институции. Компанијата и претходно излезе во пресрет на неколку медицинските установи за кои обезбеди возила имедицинска апаратура.
„Драго ми е што изминатите неколку години реализиравме низа проекти за медицинскиот персонал во кавадаречката болница. Дрекслмајер останува партнер на регионот, а во овааздравствена криза сакаме да дадеме свој придонес и поддршка во заштитата на здравјетона граѓаните“, рече Лукас Мирингер, генерален директор на Дрекслмајер во Кавадарци.
Одговорното однесување и придржувањето на пропишаните мерки е клучно за спречувањена понатамошно ширење на коронавирусот. На тој начин се штитиме себеси и своите најблиски, но го штитиме и јавното здравје.„ се наведува во соопштението од компанијата .